вторник, 17 февруари 2026

Турски државјанин приведен на Деве Баир поради фалсификувани документи

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Е. (51) од Република Турција.

Објавено на

часот

Сподели

При извршени гранични проверки и контрола било констатирано дека тој приложил фалсификувани зелени карти за осигурување за товарно возило мерцедес со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.

Лицето заедно со документацијата е предадено во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ