Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен на нотар. Откако лицето не му се јавило подолг период сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






