четврток, 22 јануари 2026

Турнал малолетник во багажник за да дознае кој му го удирал возилото со снежни топки

Триесет и шестгодишната Е.Б. од Скопје пријави на 21 јануари во  22 часот во СВР Скопје,  дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.

Објавено на

часот

Сподели

Тој насилно го турнал нејзиниот син во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ