„Вчера, околу 21:30 часот. на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К. од Турција затоа што со возило шкода, со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир“, соопшти МВР.
Претходно, како што наведуваат на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземените мерки, возилото е пронајдено.
О.К. бил лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






