„По извршени проверки со Интерпол Турција констатирано е дека уверението за неосудуваност од Генералниот директорат за кривична евиденција и статистика при Министерство за правда на Турција, кое го дал во прилог на барањето привремене престој по основ на вработување, било фалсификувано, односно не било издадено од Генералниот директорат. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.






