четврток, 25 декември 2025

Тројца приведени поради незаконит риболов од Охридското Езеро

Објавено на

часот

Сподели

Лицата Б.С., С.Н. и М.С. во текот на вчерашниот ден биле затекнати при вршење незаконит риболов на локалитетот „Ќоше” кај автокампот „Љубаништа” од страна на полициски службеници на Станицата за граничен надзор „Охридско Езеро”.

Кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект.

Лицата се лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за незаконит риболов по членот 229 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ