вторник, 23 декември 2025

Тројца повредени во сообраќајка на автомобил и мотоцикл

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајната несреќа учествувале мотоцикл „сузуки“, управуван од Л.Т.(19) од Скопје и патничко возило „фиат уно“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ