сабота, 3 мај 2025

Тројца жители на Конопница турнале од тераса соселанец

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој добил повреди.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.

„Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода  Ј.А. (26) и Н.К. (26) и Е.А. (25), сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди“, изјави Ивана Младеновска, портпаролката на СВР Куманово.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ