Првиот случај бил евидентиран во 12:45 часот на улицата Корчуланска во Ресен, кога полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило мицубиши со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. При контролата било утврдено дека возачот управувал со возилото и покрај важечка забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
Претходно, во 10:50 часот, на булеварот Ослободување во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило фиат со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така било констатирано прекршување на изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
Третиот случај бил регистриран во 11:30 часот на улицата 11 Септември во Кичево, кога било сопрено патничко возило сеат леон со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кичевско. Кај него било утврдено дека управувал со возилото и покрај изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.






