Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б., М.Ѓ. и Д.С., сите од Кавадарци.
„Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, нагласија од СВР – Велес.
Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа за МИА утрово од Обвинителството.
Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци, потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
„Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот“, појасни докторот за МИА.






