четврток, 8 јануари 2026

Тројца тинејџери краделе книги од Архивот

Вчера на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и 17-годишник, сите од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на Македонија.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ