понеделник, 26 јануари 2026

Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Непроштено

На регионалниот пат село Јажинце – Тетово, во близина на влез за село Непроштено, синоќа во сообраќајка помеѓу три патнички возила управувани од Е.С. (25) од село Слатино, А.И. (55) од село Доброште и А.Ј. (19) од Слатино.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С. (36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Тешки телесни повреди добила и Ш.В. (45) од село Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди.

 

Телесни повреди добил и возачот А.Ј. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ