вторник, 20 мај 2025

Тројца студенти од Турција нападнале и ограбиле скопски таксист

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројца студенти од Турција со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека на 3 мај во 23:40 часот во СВР Скопје, И.Р.К.(54) од Скопје пријавил дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му го одзел мобилниот телефон, по што се дале во бегство.

Веднаш по добиената пријава, трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот.

Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б., соопшти МВР, до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ