недела, 7 декември 2025

Тројца струмичани краделе тутун од фолии и сушари, штета од 505.000 денари

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ