вторник, 10 март 2026

Тројца скопјани со електрошок и тврд предмет нападнале 23-годишна велешанка и нејзиното момче

На 9 март, во утринските часови, 23-годишна велешанка пријавила во СВР Велес дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер.

Објавено на

часот

Сподели

Во придружба на Б.Б. дошле и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ