Според пријавата, во февруари 2025 година, првопријавениот наводно прикажал невистинити факти пред лице од тетовско, дека поседува фирма која врши транспорт на возила од странство и целосно ја средува потребната документација – од царинење до регистрација на возилото. На тој начин, тој се договорил со оштетениот за одредена сума да му транспортира патничко возило од Швајцарија.
Оштетениот, доверувајќи се на понудата, во два наврати преку брз трансфер на пари ја уплатил договорената сума на друго лице од тетовско.
Потоа, според наводите од истрагата, второ- и третопријавениот, кои работеле во правно лице за брз трансфер на пари, ги пренасочиле трансакциите на сметка на првопријавениот.






