Приведените се Г.А. (37), Б.Ч. (23) и Р.Ѓ. (60), сите од Струмица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тие со употреба на сила ја однеле 32-годишната вонбрачна сопруга на синот на Д.В. (59) од Делчево, од неговиот семеен дом, и со патничко возило ауди со струмички регистарски ознаки го напуштиле местото.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.