Како што информира МВР, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.
Во полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со нив и во содејство со јавен обвинител е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.