На 3 февруари 2026 година околу 18:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода И.Т. (57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело кражба, односно дека одзел мобилни телефони од продажен објект.
Подоцна, околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле и И.Г. (40) и Д.М. (26), двајцата од Тетово, кои, според пријавата на И.Т., во периодот од 18:00 до 19:00 часот, по претходна расправија околу мобилни телефони, физички го нападнале на истата улица.
По целосно документирање на случајот, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци






