четврток, 10 јули 2025

Тројца приведени во два засебни случаи за напад на полицајци

Во последното деноноќие МВР регистрирало два засебни случаи во кои биле нападнати полицајци.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, синоќа во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Д. од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна во полициска станица и физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Синоќа пак, три часа по полноќ, полициски службеници од ОВР Прилеп, при превземање службени дејствија во угостителски објект лоциран во населба „Точила“ во Прилеп биле физички нападнати од А.С. и уште едно лице со стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ