среда, 9 април 2025

Тројца повредени во сообраќајка кај струшко Франгово

Вчеравечер во полициската станица Струга, било пријавено дека на магистралниот пат А-2, пред полициската станица за граничен надзор Франгово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., и патничко возило ауди исто така со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М., двајцата од село Франгово, струшко.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од патничкото возило фолксваген голф, констатирани во Медицинскиот центар-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ