недела, 14 декември 2025
Се возеле во работна машина за сечење дрва

Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица, меѓу нив и дете

Три лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво на регионалниот пат Струмица-Валандово во селото Костурино.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Струмица информираат дека вчера во 13 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајната несреќа.

„На 12.09.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило волво со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машина за сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од СВР Струмица. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ