сабота, 5 јули 2025

Тројца малолетници повредени во судир на два мопеда во Битола

На 12 јуни 2025 година, во 23:51 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Крушевска Република“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеда марка „Лонгиа“, и двата со битолски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Првото возило било управувано од 15-годишник, а второто од 16-годишник – и двајцата од Битола. Во незгодата тешки телесни повреди здобил 14-годишен сопатник на мопедот управуван од 16-годишникот, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди. Повредите се констатирани во Општата болница во Битола.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола, а се работи на целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ