понеделник, 9 март 2026

Тројца државјани на Албанија фатени во нелегален риболов во македонскиот дел на Охридското Езеро

Тројца државјани на Република Албанија се приведени поради вршење криволов на риба во македонските територијални води на Охридското Езеро.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштнието од СВР – Охрид, во периодот од 6 до 8 март во две одделни акциски контроли полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро од слобода ги лишиле лицата  Ј.Ц., Е.Б.и А.Ш., сите од Албанија.

Приведените со пловни објекти илегално ја преминале македонско-албанската граница на езерото, и биле затекнати како во македонски територијални води вршат кривично дело „незаконит риболов“. Притоа по наредба на јавен обвинител им се запленети пловните објекти и рибарските мрежи со уловот.

По целосно документирање на случаите против тие лица се поднесени пријави за незаконит риболов и илегално преминување на државната граница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ