среда, 10 декември 2025

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело – неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост од член 266-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничените, во текот на месецов, во околината на Демир Хисар, заедно договорени, во група, неовластено купувале предмети – делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство, според член 2 од Законот за заштита на културното наследство и чијшто промет е забранет или ограничен.

Имале цел таквите предмети да ги изнесат во странство, односно во Република Бугарија, но на 9 декември биле затекнати од полициски службеници како ги пренесуваат натоварените предмети во едно товарно возило и еден автомобил.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ