На 10-ти месецов, во 10.35 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд-куќа, сопственост на Д.Ј.(32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица немало. По преземени мерки и активности и спроведена истрага од полициски службеници од одделението за криминалистичка полиција Велес, одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и ОВР Прилеп, било утврдено дека Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд-куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата. Ѓ.П. и Д.Д. на 16.05.2025 се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а се преземаат мерќи за пронаоѓање на С.М. .