понеделник, 15 декември 2025

Тригодишно дете за малку ќе се задавело од гумена бонбона

Вчреа во ОВР Гостивар од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Родителите изјавиле дека дека детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ