МИА синоќа информираше дека полициски службеници во Основниот суд во Штип ги донесоа 21-годишниот К.К државјанин на Република Турција за кој постои сомнение дека го сторил убиството, потоа А.Х, Т.М., О.М, и А.О. на возраст од 21 до 29 години сите државјани на Република Турција поради сомнение дека му помагале на К.К да побогне од местото на убиството.
Убиството се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, а во полиција е пријавено во 21.25 часот. По убиството сторителот со помош на уште четири лица се обидел да побегне, но во акција на полициски службеници од СВР Штип и СВР-Скопје се фатени и лишени од слобода.
Триесетдневен притвор за петмината инволвирани во убиството на 25-годишник во Штип
Судија на претходна постапка од основниот суд во Штип на петмината државјани од Република Турција, кои се инволвирани во убиство на 25-годишниот турски државјанин им одреди мерка притвор од 30 дена, информираше денеска судијата-кривичар и воедно портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев. Осмоничените се спроведени во Затвор Куманово.

Објавено на
часот