Утрово во 6:30 часот во СВР Скопје 50-годишна жена од Скопско пријавила дека околу 1 часот во домот била физички нападната од нејзиниот две години постар сопруг И.Б. Во 1 часот часот во СВР Скопје, пак, 48-годишна жена од Скопско пријавила дека вчера нејзиниот сопруг Г.П.(52) и се заканувал.
МВР информира дека вчера во 2:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 1:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка.
Во Штип, пак, вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди.
МВР соопшти дека работи на расчистување на случаите и дека по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.






