Во СВР Скопје денеска е пријавено дека на патот Скопје- Куманово, кај место викано Ергелија, 33-годишниот В.Р. од село Волково, скопско, управувајќи мопед „томос“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Во СВР Охрид рано утрово е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишниот Б.П. од село Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Б.П. се утврдени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта.
Вчера во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, во атар на селото Скачковце, Кумановско, 29-годишниот Б.К. од село Кучкарево, Кумановско, управувајќи мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.К., констатирани во Општа болница Куманово.






