Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против И.О. од општина Маврово и Ростуше поради сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 12 февруари 2026 година на место викано Солиште, во атарот на селото Трооло, пробиштипско. По претходна расправија, пријавениот со тврд предмет го нападнал Ј.Д. од Пробиштип и му нанел тешка телесна повреда.
Во вториот случај, СВР Тетово поднело кривична пријава против 15-годишна малолетничка од тетовско село поради сомнение за сторено кривично дело насилство.
Според полицијата, на 20 септември 2025 година малолетничката физички нападнала жена од истото село, по што се обидела со остар предмет да ја нападне неа и нејзиниот сопруг.
Третиот инцидент бил пријавен во Скопје. На 8 март 2026 година околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека претходно, околу 20:15 часот, на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Според пријавата, по недоразбирање во сообраќајот дошло до тепачка помеѓу В.С. од селото Јурумлери, од една страна, и Д.А. и А.А. од Скопје од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






