Според првичните информации од СВР Тетово, во несреќата учествувале патничко возило марка опел со тетовски регистарски ознаки и автобус. Од силината на ударот, маж и жена починале на самото место, а уште една жена им подлегнала на повредите во Клиничката болница во Тетово.
Во болница било пренесено и едно дете, кое било повредено во несреќата. На детето му е укажана лекарска помош, а неговата здравствена состојба засега не е официјално соопштена.
На местото на несреќата излегле јавен обвинител, противпожарни екипи и полициски службеници, кои спроведуваат увид за утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.
Од СВР Тетово најавуваат дека подетални информации ќе бидат соопштени по целосното документирање на случајот.






