Рано утрово во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С. (43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, а ѝ се заканувал и на 26-годишната ќерка. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,20 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Гевгелија 31-годишна жителка вчера пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 33- годишен сопруг, при што ѝ нанел повреди на телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
37-годишна жителка на струмичко село вчера пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 38-годишниот сопруг. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во Скопје бил приведен И.К. (37) откако неговата 19-годишна партнерка пријавила дека била физички нападната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Рано утрово 43-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера 48-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг В.З. (51), кој ја фрлил по скалите од вториот кон првиот кат на куќата. Нa жената ѝ била укажана медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.






