понеделник, 16 март 2026

Три инциденти во Полошко: приведена жена по напад на полиција, возач фатен со забрана за возење, тешко повреден мотоциклист

Полицијата во Гостивар во последното деноноќие привела две лица по сообраќајни контроли, додека на патот Тетово–Пирок се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден мотоциклист, а повредено е и деветгодишно дете.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово три часа по полноќ, на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Д.Ј. При контрола во патниот сообраќај било сопрено патничко возило опел со тетовски регистарски ознаки кое го управувала. Според полицијата, таа почнала агресивно да се однесува и физички нападнала полициски службеници кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Претходно, еден час по полноќ, на истата улица во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Ј.) од селото Беловиште, гостиварско.

„При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки кое го управувал. По преземените мерки било утврдено дека управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Возилото е одземено, а против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Во меѓувреме, вчера попладне во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–Пирок, кај селото Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило бмв со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р. од селото Горно Палчиште и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки управуван од А.И. од селото Долно Палчиште.

„Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот деветгодишен сопатник од Долно Палчиште се здобил со телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, информираше МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ