Според информациите, М.К. (69) од селото Долна Бањица, управувајќи трактор имт со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди, тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, додека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.






