Дополнително, кривична пријава е поднесена и против А.П. (37) од Свети Николе за кривично дело попречување на правдата.
Според пријавата, на 12 април 2025 година, во периодот од 20:00 до 23:00 часот, во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил точење алкохол на деца, додека третопријавениот, вработен како келнер, послужил алкохол на тројца малолетници.
Наредниот ден, на 13 април 2025 година, четвртопријавениот ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект, со што, според полицијата, го сторил делото попречување на правдата.






