понеделник, 9 февруари 2026

Тинејџери повредени во несреќа со четирицикл во Кичево

Во ОВР Кичево вчера е пријавено дека на локалниот пат с. Зајас – Теќе маало, 14-годишник од с. Горно Строгомиште управувал четирицикл со кичевски регистарски ознаки и излетал надвор од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата повреди претрпеле возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с. Зајас, кои биле пренесени и констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ