Како што соопштија од СВР Тетово, на 9 декември 2025 година, 34 годишниот Ј.М. пријавил дека неговата мајка Х.А. од село Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 7 декември 2025 година таа влегува во патничко возило фиат, по што била недостапна на телефон. Исто така, тој пријавил дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 6 и 7 декември 2025 година, С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба.
По ова, синоќа, С.М. бил уапсен поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
„По преземените мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 7 декември 2025 година. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.. Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атарот на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција“, информираа од СВР Тетово.






