понеделник, 8 декември 2025

Тетовка пријавила дека маж ѝ исчезнал, полицијата го најде мртов со прострелна рана во слепоочницата

Денеска два часа по полноќ во СВР Тетово Б.Б. пријавила дека вчера околу 18 часот нејзиниот сопруг А.Б. излегол од дома со своето возило ауди, а кога вечерта го барала, тој не одговорал на нејзините телефонски повици.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира СВР Тетово, веднаш било постапено во однос на пријавата и денеска околу 16:15 часот во ниви, во атарот на село Нераште полицајци иски од полоциското одделение Теарце забележале паркирано возило ауди со тетовски регистерски таблички и внатре во возилото забележале маж кој не давал знаци на живот.

„Од страната на возачот полицајците забележале дека на стаклото има отвор од испукан проектил и истиот бил испукан во пределот на главата на мажот кој бил облеан во крв. Првичните сомненија велат дека мажот бил застрелано со огнено оружје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. На лице место е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово кои вршаат увид. Потврдено е дека се работи за А.Б. од Тетово кој сопругата претходно го пријавила“, информираа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ