вторник, 17 март 2026

Тетовка платила 550 евра за мебел што никогаш не го добила

За сума од 550 евра била измамена 47-годишна жена од тетовскиот регион, од С.С. од скопско Арачиново. Таа го пријавила случајот вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи – Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, преку социјална мрежа, таа стапила во контакт со лицето. Тоа се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел.

„Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите како капар, но, услугата не била извршена, а тој бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ