понеделник, 23 февруари 2026

Тетовка измамена за 3.000 евра од посредник за работна виза во Германија

Жена (32) од Тетово пријавила дека била измамена од сограѓанин за сума од 3.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2024 година таа се договорила со него да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија. Парите му ги исплатила во неколку наврати, но услугата не била извршена.

Како што информира МВР, случајот е пријавен вчера во 20 часот, во СВР Тетово. Жената ѝ кажала на полицијата дека кога стапила во контакт со лицето-посредник и си ги побарала парите, тој почнал расправија, а подоцна бил недостапен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ