Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Владата неодамна информираше дека сите институции имаат рок до 15 септември да го спроведат ребрендирањето на табличките односно, службените автомобили мора да имаат црвени таблички. Веројатно ова било инспирација приведениот да добие идеја да ги офарба табличките со црвена боја и приватниот автомобил да го направи да личи дека е службен. Но, полицијата го откри.






