Како што се наведува во пријавата, на 30 јули околу 15:30 часот, 46-годишниот оштетен пријавил дека во текот на месецот стапил во контакт со лицето преку социјална мрежа, со цел да организира транспорт на патничко возило марка мерцедес од Швајцарија.
Договорената цена била 1.000 евра, а наводниот транспортер му испратил фактура и побарал парите да ги уплати преку брз трансфер на пари на друго лице. Откако парите биле испратени, лицето не го презело возилото и започнало да наведува различни изговори, по што оштетениот сфатил дека станува збор за измама.
Случајот е пријавен во СВР Тетово и, според информациите од полицијата, се преземаат мерки за негово целосно расчистување и документирање.






