Според информациите од полицијата, пријавениот во текот на 2021 година со лажно прикажување на факти го довел во заблуда 57-годишен жител на друго тетовско село.
Двајцата се договориле заеднички да купат недвижен имот во атарот на селото Шипковица за вкупна сума од 74.000 евра. Oштетениот му дал на Х.С. половина од договорената сума, како и полномоштво за да ја среди потребната документација за имотот, по што заминал на привремена работа во странство.
По извесен период, тој се обидел да стапи во контакт со Х.С. и да ја добие купопродажната документација, но бил известен дека таква не постои. Со тоа, пријавениот се стекнал со значителна противправна имотна корист.
Случајот е целосно документиран и против Х.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово.