понеделник, 8 декември 2025

Тетовец измамен за 250 евра дека ќе добие социјална помош

Шеест и шестгодишник од тетовско село пријавил на 31 октомври во СВР Тетово дека во јуни 2025 година бил измамен од С.Н., за сума од 250 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, лицето му кажало дека неговата сопруга работи во Центарот за социјални работи Тетово и дека е член на комисија за доделување на социјална помош – „туѓа нега”. При тоа го довел во заблуда и му ги побарал парите за да му заврши работа, ветувајќи му дека за еден месец ќе ја добие социјалната помош. Како што е пријавено, откако му ги дал парите, ниту му се  јавувал на телефон, ниту му  ја завршил работата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ