Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице. Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






