вторник, 3 јуни 2025

Тешко се повреди возач на четирицикл од Куманово

Кумановец кој управувал четирицикл на некатегоризиран пат бил тешко повреден во Кавадаречко, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 18:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден, кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл на некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден – Трибор – караула Пуљевац – Мајден и завршува до Мрежичко, паднал од четирициклот“, појаснија од СВР Велес.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ