петок, 6 февруари 2026

Тешко повредено седумгодишно девојче во сообраќајна несреќа во Куманово

Автомобил фолксваген голф удрил во малолетничка на булеварот „Октомвриска Револуција“, во Куманово. Девојчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде биле констатирани тешки повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Седумгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.

Како што информираат од полицијата, на 5 февруари 2026 година околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека патничко возило фолксваген голф со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ