Патничко возило тојота со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н. (68) од Кичево, удрило во четиригодишно дете од село Арангел, кичевско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кичево.






