недела, 14 декември 2025

Тешко повредено 5-годишно дете на тротинет

Во Гостивар вчера петгодишно дете кое управувало електричен тротинет и 66-годишен гостиварец со велосипед добиле тешки повреди од удар на возила.

Објавено на

часот

Сподели

На крстосницата од улиците „ЈНА” и „101″ вчера се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Б.Б. (66) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од петгодишно дете од Тетово. Во несреќата тешки телесни повреди добило детето, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар.

Истиот ден на улицата „Браќа Ѓиноски” во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „форд” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Г.А. (50) од село Дебреше, гостиварско и велосипед, управуван од Г.А.(76) од Гостивар. Велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар, а увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ